Фотографиите на Леони Хана се константа на „ѕидовите“ за стилска инспирација на милиони дами низ целиот свет. Германската блогерка, која само на Instagram има над 3,7 милиони следбеници, е сопственичка на еден од највлијателните гласови во модниот свет.
Италија, а поконкретно Позитано и Капри, беа најчестите дестинации на Хана летово. А додека ги истражуваше убавините на Италија, таа презентираше модни парчиња од најновите колекции на врвни брендови.
Проникнете во стилските авантури на атрактивната девојка:
Леони беше поканета и на Канскиот филмски фестивал каде блескаше во магични креации.