Секоја деценија од нашиот живот носи свои предизвици, но и има своја убавина. Може да се каже дека животот на жените во 30-тите значително се разликува од оној во 20-тите.
Во 20-тите години крвта „ни врие“, желни сме за забава, за дружби и за експериментирање со стилот, а нашиот имунитет е на максимум. По 30-тиот роденден нештата започнуваат да се менуваат и сакаме посмирен живот, не ни пречи да останеме дома во петок навечер, а мораме и повеќе да се грижиме за себе за да имаме добро здравје.
Од Bright Side создадоа илустрации кои на сликовит начин покажуваат како се менува животот по 30-тата година:
Не ти смета во петок навечер да останеш дома

Уживаш во времето насамо

Ти се менува претставата за забава

Одеднаш, имаш потреба да мокриш 24/7

Започнуваш почесто да се разболуваш

Сфаќаш колку е важно штедењето

Едноставно не можеш да речеш „Не“ за ново растение

Телото те спречува да спиеш до доцна

Започнуваш да ја чувствуваш твојата возраст

Комуникацијата со луѓето станува непријатна
