Малите дела имаат голема моќ.
Дечиња од градинката „Димче Мирчев“ од Велес им направија колачиња на здравствените работници, за да им изразат благодарност за нивната издржливост и пожртвуваност во борбата со КОВИД-19.
Заедно со спакуваните слатки, поставени беа пораки за благодарност, како: „Ви благодариме за вашата несебичност да помогнете секому“, „Ви благодариме што се грижите за нашето здравје“ и „Ви благодариме за вашата издржливост и хуманост и во најтешките моменти“.
Во описот на фотографиите стои пораката:
Почитувани херои,
Со многу љубов, внимание и посветеност децата од нашата градинка приготвија колачи во знак на благодарност за најголемите херои на сегашницата, здравствените работници!
Вредните рачиња беа умешни, лицата насмеани, а нашиот тим засекогаш благодарен за Вашиот огромен труд, широка хуманост и непроценливо време! Како дел од проектот ,,Среќа е...” ја издвоивме оваа активност да Ви ја посветиме Вам, бидејќи најмногу заслужувате! Нашите желби за добро здравје се упатени првенствено кон Вас, затоа што Вие сте тие кон кои се наклонуваме во ова време-невреме.
Ви благодариме од сѐ срце!
Со љубов,
ОЈУДГ ,,Димче Мирчев” Велес