Отворете го срцето и уште еднаш покажете ја вашата хуманост.
Ајде сите заедно да се сплотиме и да му помогнеме на Мухамед Максуд од Охрид да добие нов бубрег од мајка му. 21-годишниот студент страда од ретка болест на бубрезите и има потреба од трансплантација, а донор на потребниот орган ќе биде неговата самохрана мајка.
Операцијата треба да се изврши во Турција и за неа потребни се 20 илјади евра кои тој ги нема. Мухамед е во тешка состојба и е зависен од секојдневна дијализа, па поради тоа потребно е средствата да бидат побрзо собрани.
Еве го апелот објавен на Ecrowd:
Изминативе две години беа навистина тешки за мене. Се борам со ретка болест на бубрезите која докторите ја нарекуваат Фокална сегментална гломерулосклероза (FSGS). Овој процес ја оштетува функцијата на филтрација на бубрезите, што резултира со губење на протеини во урината. Велат докторите дека FSGS е водечка причина за прекумерна загуба на протеини. Честа долгорочна компликација на болеста е откажување на бубрезите која за жал во овој момент е манифестирана и во двата мои бубрега. Поради откажување на функцијата на двата бубрега ми е потребна трансплантација на бубрег.
Најдобри изгледи ми се нудат во Турција. Мојата самохрана мајка е единствениот донор и поради тоа, имаме потреба од парична помош за да се изврши операцијата во Турција. Моментално сум во тешка состојба зависен од секојдневна дијализа. Поради брзината на прогресијата и тежината на состојбата потребно е средствата да бидат побрзо собрани за да се продолжи животот на Мухамед!
Донирај за Мухамед ТУКА или на трансакциската сметка:
250019000552171
Шпаркасе Банка