Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно: Девојка која ја изгубила мајка си пред 10 години добива накит со нејзиниот отпечаток за матурата

Емотивно: Девојка која ја изгубила мајка си пред 10 години добива накит со нејзиниот отпечаток за матурата

Емотивно видео ја покажува специјалната врска меѓу сестрите, како и љубовта која децата ја имаат кон нивните родители и кога тие повеќе не се на овој свет.

Во него, девојка која следниот месец ќе биде матурантка добива специјален подарок од сестра си – ланче со отпечаток од покојната мајка. Тие ја изгубиле нивната мајка пред 10 години како последица на рак на белите дробови.

За да ја направи матурата на сестра си уште поспецијална, Британи се јавила во погребалното претпријатие кое било задолжено за работите на нејзината мајка. Од нејзините предмети, тие успеале да извадат еден единствен отпечаток, кој Британи го искористила за да создаде накит за сестра си.

„Таа ќе биде таму со тебе“ – ѝ вели Британи на сестра си на крајот од видеото.

„Ова е мојата помала сестра. Следниот месец, таа ќе биде матурантка. Оваа година навршуваат 10 години откако ја изгубивме нашата мајка поради рак на белите дробови.“

„Конечно успеав да пронајдам отпечаток од прст од мојата мајка. Нејзиниот отпечаток сега е на ова ланче… Таа го заслужува ова. Те сакам сестричке, се гордеам со тебе и мама би се гордеела исто така“ – објаснува Британи во видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.