Почетна » Новости » Занимливости » Е-продавницата на „Преплет“ – место за размрдување на позитивните мисли и разубавување на домот

Е-продавницата на „Преплет“ – место за размрдување на позитивните мисли и разубавување на домот

Доказ за тоа дека малите работи го прават животот посебен е креативното студио Преплет. Место каде можете да најдете најразновидни дизајнирани производи, додатоци за домот и уште многу други мали уникатни детали.

Ова студио е креатор на над 10 колекции составени од специјално дизајнирани производи како: постери, шолји, нотеси, тефтери, перничиња, тематски комплети, торби, лампи и многу други интересни персонализирани нешта кои дефинитивно го „размрдуваат“ расположението. Но, она што го издвојува Преплет од другите дизајн студија се позитивните пораки кои на македонски јазик и кирилица се испишани на нивните производи. Преплет е креатор на над илјада уникатни пораки и фрази, кои прават секој да се поврзе со одреден момент во животот, доживувајќи го на свој начин.

Викторија Ланговска Хајредин и Магдалена Аврамовска

Во услови на пандемија со коронавирус, кога на сите ни е потребна позитивна мисла како охрабрување, но и кога движењето е ограничено, производите на Преплет можат да се нарачаат од нивната онлајн продавница. На тој начин, внесувајќи ведрина во својот, но и во домот на саканите, ги размрдуваме нашите позитивни мисли, а изолацијата ја правиме поподнослива.

Како партнер во реализацијата на оваа идеја, односно во водењето на својата онлајн продавница, Преплет ја имаат Халкбанк, преку користење на нивната E-commerce услуга.

Кои се придобивките од водењето на е-продавницата, кои елементи се потребни за развој на е-бизнисот, како и за поддршката која ја добиваат од Халкбанк, погледнете во видео-интервјуто со Викторија Ланговска Хајредин и Магдалена Аврамовска, основачи на Преплет:

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23188 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.