Почетна » Новости » Занимливости » Дрвени играчки: магијата на едно детство

Дрвени играчки: магијата на едно детство

Ако сте родени во 80-тите или раните 90-ти години од минатиот век, речиси сигурно е дека сте имале некоја од многуте дрвени играчки. Дрвени вовчиња, коцки, кукли и куќички – тогашното детство беше исполнето со вакви нешта. Денес многу поретко може да се најдат вистински забавни дрвени играчки.

Иако пазарот сега изобилува со разновидни играчки, тие најчесто се направени од пластика затоа што некогашните дрвени предмети се скапи за производство, што наметнува повисока цена и за крајните потрошувачи. Иако децата ќе се израдуваат на нешто ново, многу брзо радоста ќе премине во солзи бидејќи евтината пластична играчка има краток рок на траење.

Дрвени играчки

Дрвото означува квалитет и долготрајност

Голем број родители инсистираат да ја продолжат традицијата и бараат само дрвени играчки за своите деца. Може да се каже дека нивните деца се посреќни со своите играчки бидејќи откако еднаш ќе ги добијат, шансата да се скршат и фрлат во канта за отпадоци е минимална.

Ако сте и вие од таа генерација што ја споменавме и сè уште ги чувате играчките некаде на таванот во специјална кутија со стари играчки, сетете се на омилените колички на врвца, дрвените бабушки што влегуваат една во друга или коњчињата што се нишаат.

Како родители, нарачувањето дрвена играчка за вашите деца значи дека и тие ќе имаат можност да евоцираат спомени кога ќе станат возрасни бидејќи дрвените играчки се речиси неуништливи.

Пластиката никогаш нема да ја долови емоцијата на дрвената играчка

Преплавени сме со пластични играчки. Секаде околу нас се продаваат по цени што не се ни приближно високи колку тие на играчките направени од дрво или други материјали. Иако пластиката има свои предности и мани, сите ќе се сложат дека една пластична играчка никогаш нема да успее да ги долови убавината и уживањето што ги нуди дрвената играчка.

Пластичните играчки имаат различен квалитет, па затоа е многу важно да знаете што му давате на вашето дете за да си игра.

Сепак, дури и најквалитетната пластика секогаш ќе биде – пластика. Лесен материјал што брзо се оштетува и не ги нуди суштината и убавината на играта. Пластичните детски играчки никогаш нема да ја доловат емоцијата на дрвените.

Дрвени играчки

Едукативни играчки и коцки се дел од дрвениот асортиман за деца

Секоја возраст подразбира различен тип реквизити и предмети со кои децата сакаат да се занимаваат. Преку реквизитите и разновидните предмети се врши индиректна едукација на најмалите во, можеби, најважниот период во нивниот живот.

Токму затоа суштински е да обезбедите едукативни играчки за вашите деца и да видите како учат низ игра. Голем дел од овие играчки се направени од дрво. Коцки, логички задачи и слично се играчки исклучително важни за најмалите. Преку нив тие ги развиваат моторните вештини.

Дрвото буди спомени на природата

Самото допирање на дрвото буди едно уникатно чувство – чувство што нè враќа назад во моментите кога сме биле најсреќни. Децата, а и возрасните уживаат да одат боси по тревата. Сите деца сакаат да копаат во земја и да ги полеваат цвеќињата со вода. Врската со природата ни е вродена, па токму затоа и играта со дрвените играчки ни е најдрага.

Без разлика дали зборуваме за деца родени во минатиот век или за деца родени во ерата на интернетот, чувството на допирање дрвена играчка е уникатно задоволство. Дрвото засекогаш ќе остане омилениот материјал со кој децата сакаат да си играат.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20817 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.