Почетна » Новости » Занимливости » „Драга ќерко, кога ќе се погледнеш себеси, се молам да го видиш она што го гледам јас“

„Драга ќерко, кога ќе се погледнеш себеси, се молам да го видиш она што го гледам јас“

Мајка на две ќерки напиша писмо за нив полно надеж дека кога ќе пораснат, тие ќе можат да видат колку се прекрасни и посебни токму онакви какви што се.

Авторката која стои зад профилот „Chasing Feenerella“ од мали нозе ги учи ќерките да гледаат подлабоко од надворешната убавина.

„Стилизирањето на косата не те прави убава. Носењето одредени бои или стилови не те прави убава. Личноста која што си е она што те прави убава“ – вели таа.

Мајка

Драга ќерко,

Кога ќе се погледнеш себеси, се молам да го видиш она што го гледам јас.

Јас гледам...

Насмевка која ја разведрува собата и која служи како порта до уста полна со зборови на интелигенција, љубопитност и инспирација.

Очи кои ги гледаат сите мали нешта, кои ги забележуваат уникатните квалитети на оваа прекрасна земја и го истакнуваат доброто во другите.

Уши кои ги ислушуваат другите и возвраќаат со љубезност и грижа.

Јас гледам...

Ум кој го истражува светот, кој копнее да учи и да расте секој ден.

Срце кое сака безусловно, кое покажува сочувство и емпатија за другите и љубов за себе.

Тело кое е жедно да проба нови нешта, да ги совлада стравовите, растејќи посилно секој ден.

Јас гледам...

Новороденче кое ми го одзеде здивот, кое инстантно ме научи на целосно ново значење на љубовта.

Девојче кое го истражува светот и кое го освојува непознатото со желба да ужива во моментот.

Девојка која ги знае своите силни страни, која се справува со слабостите и работи секој ден за да ја открие својата цел.

Душа која е толку уникатна, што се молам секогаш да се гледаш себеси како прекрасна, вредна и навистина специјална.

Кога ќе се погледнеш себеси, се молам да ја видиш рефлексијата на девојка која љуби жестоко. Се молам да ја сакаш онолку колку што ја сакам јас. Се молам да ја видиш девојката која знае и верува дека може да ѝ пркоси на гравитацијата и да биде сè што ќе посака на овој свет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20917 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.