Почетна » Новости » Занимливости » Доктор Ранко Рајовиќ: „Повеќе никој не се срами да го храни или вози детето во количка додека тоа гледа во телефонот“

Доктор Ранко Рајовиќ: „Повеќе никој не се срами да го храни или вози детето во количка додека тоа гледа во телефонот“

Живееме во време кога технологијата е значаен дел од нашите животи. За жал, докторите и педијатрите се согласни дека прекумерното седење пред екраните може да им наштети на децата.

Доктор Ранко Рајовиќ е експерт за детскиот развој и има своја програма „Vijugavim drumom sa Rankom Rajovićem“. Во една од неговите епизоди, тој зборуваше за опасностите и последиците од седењето на децата пред екраните, како и за консумирањето мека пасирана храна.

Ранко Рајовиќ

Родителите дури седат во кафулиња, држат колач и го хранат детето кое е во количка додека тоа гледа во телефонот. Никој повеќе не се срами, не се колеба, тоа практично стана нормално.

Кога на предавање ќе ми дојдат родители и ќе видат дека тоа е грешка, се збунуваат и прашуваат како сега? Како да го хранам детето без телефон? Не сака да јаде. Тоа значи дека веќе сте создале дете зависник – дете кое јаде само кога гледа во екран. Мама го храни, тато го држи телефонот, а детето јаде.

Зошто е проблематично хранењето на детето пред екран?

Рајовиќ смета дека детето на тој начин постојано бара стимулација.

Ранко Рајовиќ

Детето ја поврзува храната со тој тип стимулација и ако не добие телефон, тоа не сака да јаде (слична е ситуацијата со кафето и цигарата кај пушачите). Тогаш мајките ќе попуштат за да го нахранат затоа што, се разбира, им е важно детето да јаде. И така влегуваат во уште поголем проблем.

Ми се јавуваат родители и ми велат: Сакавме да го укинеме екранот, но не може. Ги прашувам: Како не може? Велат дека детето не сака да јаде. Значи дека детето веќе е измамено, мозокот го мами и тоа бара ментална стимулација додека јаде.

Што друго влече со себе одбивањето храна?

Рајовиќ додава дека кога детето не сака да јаде, често се случува да глуми.

Не ја сака понудената храна, па таа му се пасира. И доаѓаме до тоа дека сè повеќе деца јадат мелена, пасирана храна и влегуваме во проблем.

Ако консумира само мека храна, детето нема да си ја развие вилицата. Какви се последиците? Имаме сè повеќе млади луѓе кои вадат по четири заби. Не можат сите заби да им се соберат во устата. Устата ни се смали за 30 години. Порано тоа го немаше. Некој ќе каже, па што има врска. Па вадиме четири заби, ако е смалена долната вилица, намалено е и лежиштето за јазикот. Јазикот не е само тој орган што го гледаме, тоа е многу поголем орган. Ако јазикот нема лежиште, тој по малку се стега, по милиметар или две, а целосната циркулација во устата се менува. Веќе се отвора врата за некои проблеми со дишењето. Покрај сето тоа, стоматолозите велат дека ако даваме мека храна, се појавува и повеќе кариес.

Ранко Рајовиќ

Честопати се вели дека млечните заби не се важни, но Рајовиќ вели дека тоа е една голема заблуда и дека тие се поважни од трајните заби.

Ако извадиме млечен заб поради кариес, храната оди исклучиво на другата страна од устата и тие мускули се зајакнуваат, се појавува хипертрофија и тие појаки мускули прават асиметрија на лицето, го повлекуваат вратниот мускул, па се менува целата оска на главата – петицата, се пореметува држењето на телото, `рбетот се свиткува и ете ви сколиоза. Уште ако детето има рамни стапала, готово, сигурно ќе дојде до пореметување во држењето на телото. Значи хигиената на забите и цврстата храна се многу важни. Детето треба да ја зема таа храна со раце, а не да го храниме.

Нашата препорака е слична – каде и да сте, во хотел, ресторан, кафеана, немојте со телефонот да го лажете детето за да јаде подобро. Сега знаете и зошто не треба да го правите тоа.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.