Љубовните врски не се само постела од рози, понекогаш тие имаат трња кои можат да нè боцнат и да нè вратат во реалноста. Проблемите се составен дел од секоја врска, но со желба и волја, сите тие можат да бидат надминати.
Јекатерина Рагозина создаде искрени илустрации за врските, заедно со кратки објаснувања за истите. Секоја од нив опишува по една горчлива вистина за долгите партнерства:
Довербата е екстремно кршлива
Сите врски се градат врз основа на доверба и понекогаш изгледаат многу стабилно. Ова е многу опасно чувство, бидејќи довербата меѓу партнерите може да биде изгубена многу лесно и многу брзо.
Понекогаш ќе се досадувате заедно
Идеалните парови кои прават сè заедно и никогаш не им се досадно постојат само во соништата. Во вистинскиот живот, читањето книга или излегувањето со пријателите може да биде поинтересно од вечер помината со сопругот/сопругата. Забавувајте се одвреме-навреме разделени и забавата ќе биде поголема кога ќе бидете заедно.
Нема да бидете секогаш на иста страна
Дури и ако ги носите сите одлуки заедно, порано или подоцна, ќе дојде време кога ќе бидете на спротивна страна за некоја тема. Важно е да не се лутите, туку да најдете начин да пронајдете заедничко решение.
Децата и бракот не се решение, туку предизвик.
Многу луѓе мислат дека бракот ќе им ја зајакне врската или дека децата можат да ги пополнат празнините меѓу сопружниците. Но, и бракот и родителството се многу тешки тестови и нема ништо лошо во тоа. Ќе научите да бидете добри партнери и родители, исто како што некогаш сте учеле да возите велосипед. Да, ќе паднете неколкупати, но тоа само ќе ве подобрува.
Нема секогаш да сте „луди“ еден по друг
Врската е лудо страсна само на почетокот. Страста се намалува и љубовниот живот станува посмирен. Понекогаш ова може да биде проблем. Најважното нешто е да не паѓате во очај, мислејќи дека не треба да бидете заедно. Можете да поправите сè.
Понекогаш ќе се чувствувате осамено
Можеби сметате дека врската или бракот се спротивни на осаменоста, но тоа не е секогаш точно. Понекогаш ќе се чувствувате осамено и ќе ви се чини дека никој не ве разбира и не се грижи за вас. Секоја личност има такви чувства одвреме-навреме, без разлика дали е во брак или не.
Ќе имате чудни мисли
„Дали треба да се разведам?“, „Дали ќе бев посреќна со некој друг?“ – ваквите мисли може да се појават и кај најсреќните парови. Луѓето честопати мислат на овие нешта навечер или кога се сами. Овие мисли се како да се прашувате „Каков би бил мојот живот ако се родев во Франција?“
Вашата поврзаност ќе исчезнува понекогаш
Понекогаш ќе чувствувате како вашата судбина и вашето срце да се поврзани со личноста која ја сакате, но понекогаш таа конекција ќе исчезнува. Тоа е нормално.
Ќе се повредувате еден со друг
Никој не може да ве повреди повеќе од личноста која ја сакате. Ќе ги земате неговите/нејзините зборови при срце повеќе од зборовите на сите останати. Сред расправиите, ќе се повредувате еден со друг. Најважно е да се справувате со проблемите кога тие ќе се појават, не кога е веќе предоцна.
Љубовта не може да опстане сама
Љубовта е акција, не само чувство. Мораме да работиме на нашите врски. Мораме да го правиме тоа заедно: едниот партнер не може сам да го разгорува огнот долго време.