Маж има прекрасна мисија – да им го олесни животот на своите соселани, подарувајќи им автомобили.
Елиот Мидлтон поправа стари автомобили, а потоа им ги донира на жителите од неговото село во Јужна Каролина кои немаат превозно средство.
Идејата за донирање се родила кај Елиот на Денот на благодарноста. Жителите од селото пешачеле со километри за да стигнат до место каде што се делела бесплатна храна, но кога стигнале таму, немало ништо останато за нив и биле принудени да пешачат назад.
„Ако немате автомобил кој можете да го користите во руралните средини, не можете да правите ништо. Транспортот е клучен во овие области. Сакам да направам малите луѓе, на кои сите забораваат, да се чувствуваат удобно. Не е ништо специјално. Само сакам да можат да ги задоволуваат секојдневните потреби“ – рекол Елиот.
Тој објавил апел на Facebook во кој побарал корисниците да му донираат стари автомобили кои ќе може да ги поправи за луѓето во неговата заедница. Набрзо, стотици автомобили му биле подарени како донација. Првиот функционален автомобил го донирал во септември 2020 година, а досега има подарено 33 возила.
„Тоа што знам дека помагам за да се променат животи е награда само по себе. Тоа е чувство, кое никакви пари, никакво признание или што било не можат да ти ја исполнат душата“ – додал добродушниот маж.