Почетна » Новости » Занимливости » Добрината на дело: Шекил О’Нил изненади родители на ДЕВЕТ деца со ново комбе и пикап

Добрината на дело: Шекил О’Нил изненади родители на ДЕВЕТ деца со ново комбе и пикап

Шекил О’Нил постојано покажува дека има големо срце и несебично го троши своето богатство на луѓе од неговата заедница. На секое излегување од дома, тој прави најмалку едно добро дело.

Неговиот неодамнешен љубезен гест стана вирален хит на социјалните мрежи. Поранешниот кошаркар изненади родители со девет деца, купувајќи им ново комбе за 15 лица и нов пикап. Најпрво, тој го изненадил семејството Колинс со бесплатна вечера, но имал и друга идеја на ум.

Следниот ден, Шекил го одвел семејството во автосалон и им купил ново возило за 15 лица. Во меѓувреме, поминал долго време со децата, одржувајќи им важни лекции за важноста на семејството и љубовта.

Шекил О’Нил Шекил О’Нил Шекил О’Нил

Додека разговарал со нив, дознал дека пикапот на таткото немал клима уред и греење, па одлучил да направи уште едно добро дело и да му купи нов.

Шекил О’Нил

Денес Шекил нè благослови како никогаш претходно. Немам зборови. Синоќа, имавме ненадејна посета од Шек. Нè одведе на вечера. Забавно беше да се дружиме и вечераме со него.

Денес, тој го започна денот носејќи нè во салон на Mercedes за да ни купи ново семејно комбе за 15 патници.

Повеќе не нè береше нашето возило за 12 лица, па ова беше огромен благослов... Кога виде дека пикапот на мојот сопруг е без клима и греење, нè одведе во Ford и нè благослови со нов пикап.

Некој нека ме разбуди, бидејќи сигурно сонувам.

Милион пати ти благодариме Шек. Ти за нас беше голем благослов на многу начини.

Кариса Колинс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20994 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.