Сара Блејкли убаво ги награди вработените за нивната посветена работа. Извршната директорка на „Spanx“ им подари на сите вработени по два билети во прва класа за која било дестинација во светот, заедно со 10.000 долари за да уживаат на патувањето.
Вредноста на компанијата за долна облека порасна на 1,2 милијарди долари, откако „Blackstone“ откупи голем удел. Сара сакаше да прослави за растењето на брендот кој го градеше макотрпно и на забава им ја соопшти веста на вработените.
Компанијата Spanx, која денес има над 500 вработени, Сара ја основа во 2000 година со само 5.000 долари инвестиција.
„Ја основав компанијата без бизнис искуство и со многу малку пари, но најмногу се грижев за клиентите, па тоа ме охрабри да ја започнам компанијата“ - изјавила Блејкли.
„Кога започнував, напишав една цел: Оваа компанија еден ден ќе вреди 20 милиони долари. Сите ми се потсмеваа, но јас верував во тоа“ – вели Сара со солзи во очите додека држи говор пред вработените.
Меден месец на Бора Бора, сафари во Јужна Африка, патување во Хрватска... вработените веќе имаат смислено на која дестинација ќе патуваат.