Џона Ларсон имал само 5 години кога за првпат зел игли во рацете и започнал да учи да плете од едноставен YouTube туторијал. Сега, тој создава прекрасни креации и со својот талент собира пари за да му помогне на селото во кое е роден.
Џона успеал да ја претвори својата љубов кон плетењето во профитабилен бизнис, кој сега е толку популарен што тој престана да прима нарачки, не можејќи да престигне да ги реализира.
„Имаше 2.500 нарачки само во изминатите две недели“ – рекла неговата мајка Џенифер.
Ларсон, кој сега има 15 години, е полн со самодоверба и ужива во она што го прави. Иако мајка му била загрижена што ќе мислат децата на училиште за неговото хоби, тој ѝ докажал дека воопшто не му е грижа за туѓото мислење.
Најголемиот проект на Џона било ќебе со 800 цветови споени едни со други.
„Плетењето го смирува“ – рекла Џенифер.
Дру Баримор
Џона е роден во мало сиромашно село во Етиопија, но на 6-месечна возраст бил посвоен и одведен во САД. Вработените во сиропиталиштето ѝ рекле на Џенифер: „Не дозволувај да си ги заборави корените. Не дозволувај да заборави од каде потекнува“, па таа одлучила да го одржи тоа ветување и го научила Џона да ѝ возврати на заедницата секогаш кога ќе има шанса за тоа.
Според ОН, Џона сега ги користи своите вештини за да ѝ помогне на заедницата од којашто потекнува. На својот сајт тој продава различни нешта, создава YouTube туторијали и ги продава своите креации за да собере средства за селото во коешто е роден и за луѓето кои живеат во него.
Досега, Џона со помош на своите родители и пријатели има собрано 25.000 долари за да се отвори библиотека и лабораторија во училиштето во неговото село, како и да се набави потребната опрема.
15-year-old Jonah Larson is bringing the world together one stitch at a time with stunning crochet designs — and he even made a gift for each of our anchors! pic.twitter.com/UlJ74rlxxV
— Good Morning America (@GMA) January 18, 2023