Ана Стречу создаде сладок серијал во кој со помош на исечени цртежи ги раскажува своите авантури низ светот.
Креативната артистка се црта себеси, заедно со саканиот партнер, а потоа исечоците ги поставува на позадини од туристичките локации кои ги посетува. Резултатот е неодолив.
„Не сакав фотографиите од моите патувања да завршат во некоја заборавена папка на лаптопот, па решив да ги направам незаборавни со додавање на мал интересен детаљ“ – вели таа за проектот кој го нарече „I was cutout for this“.