Почетна » Новости » Занимливости » „Гушнете ги пријателите кои имаат проблеми со кожата“: Дечко покажа како е да се живее со псоријаза

„Гушнете ги пријателите кои имаат проблеми со кожата“: Дечко покажа како е да се живее со псоријаза

Дечко, кој страда од псоријаза, сними видео за да покаже како е да се живее оваа автоимуна болест.

По повод Светскиот ден за борба против псоријазата, Џек Тејлор објави снимки направени во изминатите две години во кои се соочува со здравствените проблеми на кожата.

„Гушнете ги пријателите кои имаат проблеми со кожата“ – порачува Џек.

@jacktaylor898 World Psoriasis day full post on insta but anyone going through this, please be kind and gentle with yourself whilst you are healing. You are not in this alone, it WILL get easier xx #psoriasis #psoriasisawareness #worldpsoriasisday ♬ Sailor Song - Gigi Perez

Бидејќи добивал коментари од типот: „Тоа е само кожа“, Џек одлучил да покаже дека болеста е многу повеќе од тоа, дека предизвикува болка и чешање, како и дека ги принудува лицата кои страдаат од неа да се изолираат од светот.

Мојата псоријаза се појави одеднаш пред две години и оттогаш има влијание врз секој дел од мојот секојдневен живот. Тоа е една од најтешките работи низ кои имам поминато.

Болно е, чеша, но најмногу од сè, комплетно изолира, бидејќи само сакаш да се скриеш за никој да не те види. Не го објавувам ова поради тоа што сум излекуван, сè уште се соочувам со тоа секојдневно и има многу солзи. Но, само сакав да споделам и да ве натерам да сфатите колку тешко е – фрустрација и самообвинувањеиако не е твоја кривица.

Па, да, тоа е „само кожа“, но тешко е да не ти е гајле кога живееш во неа секој момент и зборува за тебе пред да прозбориш ти.

До сите кои се соочуваат со ова во моментов, знајте дека не сте сами. Бидете љубезни и нежни кон себе. Не го баравте ова и ќе биде подобро.

Џек Тејлор Џек Тејлор Џек Тејлор Џек Тејлор Џек Тејлор Џек Тејлор Џек Тејлор Џек Тејлор

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20155 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.