Како огромен љубител на фудбалот, Јане Велковски беше поканет да биде дел од церемонијата по повод доделувањето на наградите од страна на Фудбалската федерација на Македонија.
На сцената во Македонскиот народен театар, инспиративното момче се појави во спортски дрес.
11-годишното момче, кое страда од спинална мускулна атрофија и се движи со инвалидска количка, неодамна започна да го прима лекот Спинраза. Овој лек влева надеж кај Јане и неговото семејство дека за кратко време тој ќе може да се исправи на нозе.