Почетна » Новости » Животни стории » Сторија на УЕФА: Малиот Јане од Скопје се движи со количка, но не се откажува од фудбалот

Сторија на УЕФА: Малиот Јане од Скопје се движи со количка, но не се откажува од фудбалот

Малиот Јане живее за фудбалот. Неговата инспиративна љубов кон овој спорт за првпат го одушеви светот пред три месеци, кога непосредно пред Супер Купот во Скопје, беше фотографиран додека ја имитираше славеничката поза на Кристијано Роналдо пред голем постер.

Јане

9-годишното детенце сега освојува уште повеќе срца со сторијата која за него ја направи УЕФА за кампањата „Equal Game“.

Непокорниот Јане Велковски, кој страда од спинална мускулна атрофија и се движи со инвалидска количка, отворено зборува за незгасливата љубов кон фудбалот.

„Кога играм фудбал, јас заборавам на сè... Јас во мојата електромоторна количка можам да го водам тимот, можам да бидам капитен. Цела фамилија моја го сака фудбалот. Нешто јас што не можам да правам, или брат ми или татко ми или мајка ми ми помага. Тие ми даваат поддршка да го добијам лекот и да бидам фудбалер како Роналдо“ - вели Јане.

Јане Јане

„Јас не можам да одам, јас сум роден да не можам да одам, бидејќи имам спинална мускулна болест... Сите на светот можат да играат фудбал, нема врска какви се“ - изјавува позитивното детенце.

Јане Јане Јане

Видео за Јане

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.