Серијалот илустрации насловен „Војна и мир“ од Гандуз Агајев од Азербејџан ја опишува суровата реалност во време на војна.
Илустрациите опишуваат како војната и тероризмот влијаат врз нашите животи и нè потсетуваат дека ние самите сме одговорни, како за напредокот и еволуцијата на нашиот свет, така и за уништувањето на истиот.
„Во минатото луѓето го создадоа Богот на војната и ги обвинуваа митските Богови за војните. Сепак, низ историјата само луѓето беа одговорни за сите крвопролевања. За жал, многу од нас сè уште не го разбираат тоа и сакаат да ја избегнат одговорноста.“
„Војната е смрт, самоубиство. Нациите се масакрираат меѓусебно и целото човештво. Како и да е, луѓето се способни да ја спречат оваа чума. За среќа, луѓето исто така го измислиле мирот. Тоа е начин на борба против војната. Тоа мора да е обврска на секој човек, пред човештвото да продолжи со оваа борба“ – пишува креативниот илустратор на Facebook.
Претходниот серијал на Гандуз ги постави во фокусот децата и ги осуди сите оние кои ги ставаат децата во нивните валкани игри. Тој се инспирираше од популарни фотографии со деца во воени конфликти и го прикажа детството кои тие го заслужувале.