Бенкси своето најново дело им го посвети на здравствените работници.
Мистериозниот уметник наслика мало дете кое си игра со кукла која е медицинска сестра и носи маска и наметка. Фигури од Бетмен и Спајдермен се прикажани во корпата до момчето.
„Вистинските херои“ – стои во еден од коментарите на Instagram.
„Ви благодариме за сè што правите. Се надевам дека ова ќе ви го разведри просторот малку, иако е само во црна и бела боја“ – напишал Бенкси во порака за персоналот на болницата.
Бенкси е познат по своите сатирични улични графити на различни локации низ светот. Неговиот идентитет до ден-денес останува неоткриен.