Кристина Бернацани е уметница која со цртежи се обидува да го претстави општеството во коешто живееме.
Талентираната Италијанка, која е и социјален работник, ги илустрира проблемите со кои се соочуваме, но наместо да влева тага и очај кај нејзините фанови, таа буди оптимизам и надеж. Целта е да ја подигне свеста кај публиката за општествените проблеми без да создава лоши чувства.
„Мислам дека е многу потешко да ги насмееш луѓето одошто да ги расплачеш. Предизвик ми е да создавам слики кои ќе ги насмеат луѓето“ – вели Кристина.
Магијата на книгите, важноста на игрите, љубовта кон домот и семејството, но и лицемерноста и опсесивноста се дел од темите кои ги опфаќа Кристина.