Почетна » Новости » Занимливости » Вирален хит: Татко им возврати на сите што го критикуваа дека им дозволил на ќерките да носат „прекратки“ фустани

Вирален хит: Татко им возврати на сите што го критикуваа дека им дозволил на ќерките да носат „прекратки“ фустани

Татко на три девојчиња им ги затвори устите на сите што го критикуваа модниот избор на неговите две поголеми ќерки. Неговото видео стана вирален хит на социјалните мрежи.

Пред околу еден месец, Мет Остин сподели фотографија со двете ќерки Едисон (17) и Оливија (14), на која тие позираа облечени за средношколска забава во нивното училиште. Меѓу бројните комплименти за изгледот на девојките имало и злобни коментари насочени кон нивната облека.

„Не можам да разберам како еден родител се чувствува комфорно што им се гледаат интимните делови на ќерките кога ќе седнат или ќе се наведнат“.

„Извини, моите ќерки никогаш нема да ја напуштат куќата со изглед за продажба“.

„Искрено, не би ги пуштила никаде облечени така“.

„Не мислам дека би се облекла така во близина на татко ми и него да не му пречи тоа, лудо е... Треба да имаат почит кон себеси“.

„Треба да се засрамиш, татко“ – биле само дел од лошите коментари оставени под фотографијата.

Мет бил запрепастен, бидејќи за него облеката на девојките воопшто не била контроверзна и не сметал дека треба тој да им кажува што треба да носат. По долго обмислување и консултации со ќерките, решил да одговори на критиките преку TikTok видео.

„Видов дел од злобните коментари дека сум лош татко, како сум можел, скандалозно...“.

„За мене беше шок. Аутфитите не беа контроверзни“ – рекол тој додавајќи дека неговите ќерки носеа спортски шорц под фустаните. „Се запрашав зошто луѓето си мислат дека е ОК да зборуваат на овој начин за туѓите деца“ – дополнил.

@flnewsman A dad responds to Karens taking aim at teen daughters’ Homecoming dresses. #fashiontiktok #parentsoftiktok -#fypシ #hoco ♬ original sound - mattja83

Во видеото, Мет вели:

Како татко на девојчиња, отсекогаш ме нервирало кога луѓето велат нешта како: „Овие девојки треба да се облечат за да не им го одвлекуваат вниманието на машките“ или што е уште полошо: „Тие се облекуваат на начин на кој си го бараат“. Да разјасниме нешто. Не е работа на мојата ќерка да се труди вашиот син да биде фокусиран на училиште. Исто така не е нејзина работа да се облекува доволно непривлечно за вашиот син да не ја нападне. Ваша работа да не израснете перверзна личност без самоконтрола.

Да разјасниме, овие аутфити не би ги избрал за излегувањето на моите ќерки. Но, ако почнам да им диктирам на ќерките што ќе носат, ќе ги научам на три нешта:

А) Ќе започнат да ме мразат за арбитражни правила;

Б) Ќе започнат да ме лажат;

В) И нешто можеби уште полошо, ќе започнат да мислат дека е ОК маж да им кажува што да носат, бидејќи изгледаат премногу добро.

Е тоа нема да се случи.

Знаете што би ме разочарало најмногу? Ако моите девојки пораснат во возрасни личности, кои одат на социјалните мрежи и го омаловажуваат изгледот на тинејџерките на Facebook страницата на нивниот татко.

Откако доби наплив од поддршка, Мет им се заблагодари на сите за љубезноста.

@flnewsman Thank you! I truly appreciate all of your kind words. #fashiontiktok #parents ♬ original sound - mattja83

Подоцна, во интервју, Остин рекол:

„Никогаш нема да видите некој да коментира за облеката на вашиот син. Тоа никогаш нема да се случи. Може да бидат во тесен костим за капење за нивниот пливачки тим и никој нема да има проблем со тоа. Има целосно двоен стандард... Може да носиш што и да посакаш ако си машко, но женските се сметаат за одговорни за што и да носат во сите овие социјални ситуации“.

Мет Остин Мет Остин Мет Остин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20917 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.