Шимпанзото Ванила разнежни и растажи многумина со реакцијата кога првпат го здогледа небото.
29-годишното животно со радост гледа нагоре откако ќе излезе од затворен простор охрабрено од друг мајмун, а потоа го истражува својот нов дом.
Видео
Животот на Ванила досега не бил воопшто лесен. Две години шимпанзото поминало во лабораторија за експериментална медицина и операции на примати во Њујорк, а потоа било чувано во кафез без трева или многу простор за движење.
За среќа, веселото шимпанзо сега е сместено во резерватот Save the Chimps, во кој се згрижени 226 шимпанза и ќе може да ѝ се радува на природата до крајот на животот.