Марија и Христијан ги направија првите чекори во брачните води со македонска свадба збогатена со динамичен музички репертоар.
Откако младенците си ветија дека ќе бидат засекогаш заедно, на нивната прослава ечеа звуците на бендовите „Next Time“, „Меморија“, „South Park The Band“ и „Chalgia Sound System Band“. Со оглед на тоа што таткото на младоженецот е Петар Георгиевски од „Меморија“, загарантирано беше дека нивната веселба ќе биде запаметена.
Невестата шармираше во креација од Кокев.
За да бидеме сведоци на убавиот ден, задолжени беа професионалците од Зага Продукција.