За време на детските игри на улица, повештите скокачи на јаже се фалеа со „осмица“ или со двојно прескокнување. Оваа девојка го претвора скокањето на јаже од игра во екстремен спорт.
Едриен скока толку брзо што јажето станува невидливо за окото, а додека вешто го врти јажето, во скокањето вметнува и акробатски движења.
Енергичната девојка се занимава со скокање на јаже над 15 години, држи два Гинисови рекорда и неколкупати има победувано на светскиот и европскиот шампионат во скокање на јаже.
Видеото е снимено во Будимпешта, Унгарија.