Македонецот Филип Јаневски - Фифи доби три „ДА“ и продолжи во вториот круг на „X Factor Adria“. 22-годишниот натпреварувач од Скопје лесно ги придоби тројцата членови на жирито, но не успеа да го промени тврдото „НЕ“ на Жељко Јоксимовиќ.
Фифи прво настапи со „Dov'e L'Amore“ од Шер, а подоцна се обиде да го промени мислењето на Жељко со „Beautiful“ од Кристина Агилера. Сепак, ниту пораката која ја носи баладата на Агилера, не го смекна ставот на Јоксимовиќ, кој изјави дека е збунет и малку шокиран.
„Од околу 12 години почнав да се изразувам повеќе како женско, бидејќи почувствував потреба повеќе да не се кријам. Едноставно сметав дека нема потреба да се кријам. Тоа што си однатре секогаш треба да излезе надвор на виделина, без разлика што ќе кажат другите луѓе. Секогаш треба да си храбар и едноставно да стоиш зад тоа што го сакаш“ – изјави Фифи пред настапот.