Ален и Селма се пар од Босна и Херцеговина кои својата љубов ја крунисаа со брак на невообичаена локација.
Заљубените партнери се венчаа на планината Бјелашница, а притоа носеа опрема за скијање и го изговорија судбоносното „ДА“ на скии.
„Мојата љубов кон скијањето секојдневно расте благодарение на Ален и поради тоа веднаш прифатив да ја заменам класичната венчаница со скиорска опрема“ – изјавила Селма. Ален е лиценциран ски инструктор.
Церемонијата се одржала под отворено небо на 1.867 метри надморска височина.
За облеката на младенците се погрижила дизајнерката Ена Дујмовиќ.
Ален и Селма секој слободен момент го минувале на планина, а ги повикуваат сите драги луѓе да го заменат низинскиот облак со чист и свеж планински воздух, прекрасни пејзажи, совршени зајдисонца и активен животен стил.