Почетна » Новости » Занимливости » Вежбањето е за секого: Мајка на пет деца им помага на жените над 50 години да бидат активни и фит

Вежбањето е за секого: Мајка на пет деца им помага на жените над 50 години да бидат активни и фит

Личен тренер им помага на средовечните жени правилно да го одржуваат телото и здравјето.

Жаклин Хутон е мајка на пет деца и баба на две внучиња која е во одлична физичка форма благодарение на редовните тренинзи, активниот начин на живот и здравите оброци. 60-годишната фитнес ѕвезда постојано докажува дека годините се само обична бројка и вежбањето е за секого.

Жаклин Хутон Жаклин Хутон Жаклин Хутон

Како личност која работи како тренер 20 години, Жаклин добро знае како треба да се одржува женското тело, нешто што е особено важно во периодот на и по менопауза. Таа редовно споделува тренинзи кои можат да се прават дома, со минимална опрема, како и видеа за нештата кои го засегаат здравјето во менопаузата и по неа.

„Пораката која сакам да ја пренесам е дека никогаш не е доцна, но никогаш не одложувајте ниту еден ден подоцна, започнете денес! Особено сакам да ја истакнам важноста на тренинзите за сила во средовечните години. Од нашите 30-ти години, па натаму, се соочуваме со постепено намалување на коскената маса. Како резултат на хормоналните промени поврзани со менопаузата, можеме да искусиме брз губиток на коскена маса во нашите 50-ти години и тоа може да доведе до сериозна здравствена состојба остеопороза. Им кажувам на жените дека можат да го зајакнуваат телото каде и да се и ги охрабрувам да користат ластици и тегови дома ако не сакаат да одат во фитнес сала“ – вели таа.

Жаклин Хутон Жаклин Хутон

Хутон се фокусира на примање на соодветна количина протеини, нешто што смета дека е многу важно за средовечните жени, на соодветна хидратација и на исхрана која содржи многу свежи плодови, здрави масти и комплексни јаглехидрати.

Погледнете дел од нејзините тренинзи:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20880 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.