Прекрасна фотосесија на повозрасен пар ќе ви разбуди позитивни чувства и ќе ви покаже како изгледа вистинската љубов.
Во неа, главни ѕвезди се Џуди и Боб. 80-годишниот маж и неговата сакана се во брак 60 години, но нивната љубов сè уште е силна како првиот ден.
Фотографиите се направени од нивната внука Тифани Милер, која пишува:
Моите баба и дедо се во брак 60 години. Никогаш си немале направено фотосесија само за нив двајца, сè до пред 2 дена. Дедо ми ќе наполни 80 години месецов. Никогаш не сум била повеќе почестена да фотографирам некого во целиот мој живот.
Мојата преубава баба Џуди страда од мускулна дегенерација и никогаш нема да биде во можност вистински да ги види овие фотографии. Ми рече на сите што ќе ги видат фотографиите да им кажувам дека вака изгледа вистинската љубов и да си најдете сите по еден Боб како што си најде таа. Бидејќи нема да зажалите.
Тифани Милер