Како и секоја година, така и оваа, божиќното видео на John Lewis буди силни емоции. Овој пат, во него е прикажана специјалната врска меѓу сестрите.
Во веселата реклама, Сали се обидува во последен момент да го пронајде совршениот подарок за сестра си Лорен. Таа влегува во една од продавниците на британскиот бренд пред крајот на работното време. Зад одделот со свечени фустани, Сали пронаоѓа магичен портал кој води до таванска соба во која се среќава со младата верзија од сестра си.
Сакајќи да се сети што најмногу сака Лорен, Сали минува низ многу заеднички спомени кои покажуваат како се менува врската меѓу сестрите низ годините пред таа да премине во нераскинлива и уникатна.
На крајот, детската верзија од Лорен ѝ шепнува нешто на увце и таа знае што треба да направи. Се враќа во продавницата и го купува подарокот.
„Тајната за пронаоѓање на совршениот подарок е да знаеш каде да побараш“ – стои на крајот од рекламата.