Жена, која го обожава Божиќ, ја декорира елката на различен начин за секој празник во годината.
Надиа Колучи од Сан Диего одлучила да го започне овој креативен личен проект откако се преселила во нова куќа во 2018 година. Кога требало да ја собере елката по Нова Година, таа чувствувала тага и празнина. Не можела да пронајде нешто што би ја заменило нејзината елка, па таа одлучила да ја задржи во текот на цела година и да ја декорира за сите празници и специјални настани. Резултатот е забавен.
„Кога дојде јануари, отидов да ја соберам мојата елка и почувствував голема тага. Куќата ми беше многу празна! Не можев да го замислам тој агол без моето дрво и немав идеја што да ставам наместо него. Си реков зошто да не го декорирам за секој празник во годината... На некој начин, Божиќ никогаш не завршува... само ги менува боите“ – објаснила таа.