Џес Улрихс отворено зборува за убавините и предизвиците на мајчинството и со своите текстови секојдневно допира до илјадници мајки.
Популарната блогерка признава дека многу се променила откако добила деца и дека научила скапоцени вистини кои сега сака да им ги пренесе и на другите.
„Плачењето под тушот е нормално“, „Може да си со луѓе и пак да си осамена“, „Нема да уживаш во секоја секунда“, но „Ќе се промениш на најдобриот можен начин“ – ова се дел од пораките на Џес.

Некои вистини кои ги научив постпартум:
Ќе ти недостига девојката која беше вчера, но повеќе ќе ти се допаѓа онаа во која се претвораш.
Барањето помош не прави да изгледаш слабо, не бевме дизајнирани да го правиме ова сами.
Непосакуваните наметливи мисли се навистина чести, но и покрај тоа, никогаш не зборуваме за нив.
Може постојано да си со друштво и пак да се чувствуваш осамено.
Никогаш нема да се чувствуваш толку силно и толку ранливо во исто време.
Никогаш не си била толку усогласена со чувствата, дишењето и плачењето на некоја друга личност. Тоа е неверојатно убаво и неверојатно истоштувачко.
Постојано ќе те прашуваат дали имаш добро бебе, а ти ќе сакаш да им одговориш дека сите се бебиња се добри.
Постојано ќе прелистуваш на социјалните мрежи, а твојот „ѕид“ ќе биде преплавен со страници со нешта за мајки и бебиња, од кои некои ќе ти создаваат мајчинска вина. Не ти треба тоа, веќе е доволно тешко.
Ќе се ежиш поради некои од нештата кои си ги рекла или кои не си ги направила за твоите пријателки кои имале деца пред тебе (Сега сфаќам, жал ми е).
Твоето бебе не манипулира со тебе, биолошки е нормално тоа да сака да е блиску до тебе и тоа не е лоша навика.
Едноставно, ако ги одржа децата во живот денес, тогаш многу си постигнала.
Плачењето под тушот е нешто кое сите сме го правеле, понекогаш не знаеме ни зошто.
Умот нема да ти биде тука некое време.
Не е сè исто за сите... ниту рутините, ниту апликациите. Никој не го знае твоето бебе подобро од тебе.
Ќе се оддалечиш од партнерот... Понекогаш ќе ти се чини како да има океан помеѓу вас (но, нема да биде така секогаш).
Ќе копнееш по време насамо, а кога ќе си сама, ќе ти се чини како да недостига делче од тебе.
Растат многу брзо. Но, нема да уживаш во секоја минута и тоа е ОК.
Ќе се подобруваш во ова, но најмногу од сè ќе се подобруваш ако едноставно се препуштиш.
Не знаеш што е трпение пред да станеш мајка.
Не познаваш ниту една личност однатре и однадвор додека не станеш мајка.
Не знаеш колку многу може љубовта да те промени.
Засекогаш ќе се промениш, но на најдобриот можен начин.