Почетна » Новости » Занимливости » „Биди им благодарна на оние кои не ти помогнаа кога најмногу ти требаа. Поради нив научи како да правиш сé сама“

„Биди им благодарна на оние кои не ти помогнаа кога најмногу ти требаа. Поради нив научи како да правиш сé сама“

Многу често луѓето жалат за своите постапки, за луѓето кои ги пуштиле преблиску до себе, за неуспесите...

Млада авторка ја менува нашата перспектива и покажува зошто треба да бидеме благодарни за сето она што ни помогнало да се претвориме во личностите што сме сега.

Луминита од Романија е блогерка која постојано објавува поучни текстови, справувајќи се на тој начин со своето трауматично минато. Нејзина цел е да ги инспирира и охрабри луѓето да водат исполнет живот во кој ќе се сакаат себеси.

Луминита

Биди им благодарна на оние кои се однесуваа лошо кон тебе, тие ти покажаа како не треба да го живееш животот.

Биди им благодарна на оние кои те предадоа. Поради нив ја научи моќта која доаѓа од чинот на опростување.

Биди им благодарна на оние кои одбија да ти помогнат кога најмногу ти требаа. Поради нив научи како да правиш сé сама.

Биди благодарна за тешките времиња, тие ти покажаа колку си силна.

Биди им благодарна на оние кои ти лепеа етикети, те осудуваа и сурово те критикуваа. Поради нив научи дека вредноста и самопочитта доаѓаат од тебе, а не од другите.

Биди им благодарна на оние кои не ти дадоа љубов. Поради нив научи да бараш љубов и одобрување во себе.

Биди благодарна за многуте ограничувања кои ти беа поставени. Поради нив научи како да се ослободиш од сите претходни условувања и да создадеш своја реалност и свои правила.

Биди благодарна за твоите минати грешки и неуспеси. Поради нив научи како да не ги правиш работите. Поради нив научи што функционира, а што не.

Биди благодарна и за добрите и за лошите искуства кои животот ти ги испрати на патот. Поради тие искуства ги научи најскапоцените животни лекции.

Исполни го твоето срце со благодарност и вреднување и знај дека благодарно срце е подобро од огорчено срце. Во моментот кога ќе започнеш да го цениш животот токму онаков каков што е, животот ќе започне да те цени токму онаква каква што си.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23172 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.