Наместо критика, дајте си комплимент во огледалото. Помогнете ѝ на личност во неволја. Нахранете куче скитник. Земете ѝ ги тешките торби на личност во поодмината возраст... Бидете љубезни прво кон себе, а потоа и кон другите, бидејќи истражувањата покажуваат дека тоа ќе ве направи и посреќни и поздрави.
Денес се одбележува Светскиот ден на љубезноста.

Овој „празник“ се роди на денешен ден во 1997 година, кога група хуманитарци ја создадоа „Декларацијата за љубезност“. Земји-основачи на т.н. Светско движење за љубезност се Јапонија, Сингапур, Австралија, Канада, Тајланд, Велика Британија и САД.
Секој може да го направи светот поубаво место за живеење. Прочитајте цитати кои ќе ве инспирираат да бидете пољубезна верзија од себеси:
„Љубезноста те прави најубавата личност на светот, без разлика како изгледаш“.
„Понекогаш, потребно е само едно добро или грижливо дело за да промените нечиј живот“ – Џеки Чен
„Топлата насмевка е универзален јазик на љубезност“ – Вилијам Артур Вард.
„Љубезните дела ти помагаат да го направиш светот посреќно место – заразни се“ – Фондација за ментално здравје.
„Биди љубезен, затоа што секој што ќе го сретнеш води тешка битка“ - Плутон
„Прави работи за луѓето, не заради она што се или заради тоа што го прават за возврат, туку заради тоа што си ти“ – Харолд С. Кушнер.
„Љубезност не е да правите нешто затоа што некој не може, туку затоа што вие можете“ – Ендру Искендер
„Оставај отпечаток на љубов и љубезност на секој чекор од твоето патување.“
„Каде што постои човечко суштество, постои можност за љубезноста“ – Сенека Помладиот.
„Луѓето се нелогични, неразумни и егоистични. И покрај тоа, сакај ги.
Ако правиш добри дела, луѓето ќе те обвинат за себични задни намери. И покрај тоа, прави добри дела.
Ако си успешен, ќе добиеш лажни пријатели и вистинити непријатели. И покрај тоа, биди успешен.
Доброто што го правиш денес, ќе биде заборавено утре. И покрај тоа, прави добро.“ – Дел од „Парадоксалните заповеди“ на Кент М. Кит.