Анастасија Књазева од мали нозе започна да го освојува светот и да нижи модни ангажмани.
На само 6-годишна возраст, таа беше нарекувана „најубаво девојче на светот“ благодарение на сините очи и преслаткото лице. Таблоидите набрзо започнаа да пишуваат дека Анастасија е следната Ирина Шајк и дека ѝ претстои блескава кариера во модниот свет.
Денес, слаткото девојче од Русија води детска емисија и има привлечено повеќе од 1 милион обожаватели на Instagram.