Почетна » Новости » Занимливости » Бекутан, брендот со кој растевме и ги растеме најмалите, го слави 40. роденден

Бекутан, брендот со кој растевме и ги растеме најмалите, го слави 40. роденден

„40 години 'Бекутан' е емоција, внимателно пренесувана од генерација на генерација за денес магијата под капачето моќно да нè навраќа на детството, во коешто ние растевме, во коешто растат и нашите деца.“

„Бекутан“, брендот кој нè асоцира на нежност, безгрижност, беспрекорна нега и детски насмевки, го прославува својот 40. роденден.

Бекутан

Во присуство на претставници на медиумите, педијатри, фармацевти, технолози, дерматолози и останати блиски соработници, „Алкалоид“ го одбележа почетокот на кампањата планирана по повод 40-годишиот јубилеј на еден од водечките брендови на компанијата – добро познатиот „Бекутан“.

Бекутан Бекутан

Приказната за „Бекутан“ започнува во далечната 1978 година, со само 5 производи наменети за нега на бебешката кожа. Прв во редот, според видео сведоштвото на едни од првите директни креатори на проектот, бил „Бекутан“ кремот:

„Токму на 8ми март, имав рачно направено точно 3 килограми 'Бекутан' крем кои ги подаривме на дечиња во градинка“ - стоеше во изјавата на г. Блажо Ставров, пензиониран технолог кој заедно со г-ѓа Софка Солеска, пензиониран фармацевт со особена гордост и пиетет се присетија на скромните почетоци на „Бекутан“ приказната. Според г-ѓа Солеска, индустриското производство на „Бекутан“ започнува во 1978 година, со „Бекутан“ кремот „во скромни количини на дупликатор од 100 литри, во одделението за производство на медицински масти“, при одделот за фармација на локалитетот Автокоманда. Денес, производното портфолио на брендот „Бекутан“ брои 26 основни типови производи, сo над 50 различни форми на пакувања. За своите најнови производи во низата: редизајнираните „Бекутан“ бебешки пелени и новата „Бекутан“ влажна тоалетна хартија, „Алкалоид“ ангажираше нови заштитни лица, кои како заштитни „Бекутан“ модели, публиката имаше можност да ги запознае: Дарија Митрева од Скопје, Пела Кукова од Штип, Ледиан Муртези од Скопје, Андреј Пановски од Скопје, Луна Антовски од Тетово, Огнен Тагасовски од Скопје и Михаил Михаилов од Куманово.

За време на настанот, од страна на компанијата беа претставени и низа активности преку кои „Бекутан“ ќе ја прослави 4-децениската доверба со своите лојални потрошувачи: „По повод 40-годишниот јубилеј, компанијата одлучи да подготви низа активности наменети за нашите ценети корисници, посебно оние најмалите, меѓу кои: лимитирани трендовски пакувања од добропознатите шампон и пенлива купка; нови форми од водечкиот производ – препознатливиот ‘Бекутан’ крем, кои наскоро ќе бидат достапни на пазарот; ‘Вибер’ стикери за полесна и поинтересна комуникација; наградна игра со бројни интересни награди, а со оглед на динамиката на брендот, сигурно ќе следуваат и други изненадувања“, истакна г-ѓа Маја Мизо, бренд-менаџер за „Бекутан“.

40-те години традиција, љубов и грижа за најмалите беа презентирани и во новиот рекламен видео спот снимен по повод јубилејот, кој премиерно се емитуваше за време на настанот.

Во знак на благодарност за долгогодишната соработка во развојот на брендот низ годините, „Алкалоид“ им додели признанија за „Почесни бренд амбасадори“ на пет докторки: Прим. д-р Марина Поп Лазарова, Доц. д-р Катерина Дамевска, Проф. д-р Катарина Ставриќ, Прим. д-р Весна Деловска и Проф. д-р Катица Пиперкова.

Бекутан

Како гест на благодарност за професионалниот и партнерски однос низ годините, „Бекутан“ додели јубилејни плакети на 5 здравствени установи: Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, Клиничката болница – Тетово, Првата приватна општа болница „Ремедика“ и Клиничката болница „Аџибадем – Систина“.

„Довербата во брендот 'Бекутан' од 1978 година се пренесува од генерација на генерација. Тоа е нашиот најцврст темел за долгогодишна традиција. Формулациите на продуктното портфолио се работени според најновите трендови во медицинската козметологија, во блиска соработка со врвни фармацевти, педијатри и дерматолози во земјава. Со повеќе од 200 милиони продадени парчиња производи, 'Бекутан' е синоним за постојан квалитет, доверба и лојалност. И во иднина, ние како компанија, ќе продолжиме да работиме сериозно и максимално посветено, за оваа наша заедничка успешна приказна да продолжи“ - истакна Генералниот директор/Претседател на УО, г. Живко Мукаетов.

Бекутан

Рангирани меѓу водечките брендови во сегментот ‘детска козметика’ на регионално ниво, „Бекутан“ производите се изработени од врвни суровини со проверен квалитет, исклучително благи формулации и уникатни рецептури, сигурни за употреба уште од првиот ден по раѓањето. Севкупниот производен процес се одвива во согласност со строгите стандарди за „Добра производна пракса“. Лидер во колекцијата е „Бекутан“ детскиот крем со продадени над 45 милиони парчиња.

Бекутан Бекутан Бекутан Бекутан Бекутан Бекутан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20941 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.