Бременоста е исполнета со бројни незаменливи моменти на кои секоја мајка сака да се сеќава засекогаш. Артистка од Лос Анџелес токму тие моменти ги преточува во слатки илустрации.
Аманда Олиандер создава цртежи од прекрасни ситуации со сопругот и бебенцето во утробата.
„Ги создавам овие цртежи затоа што сметам дека тоа е начин за да овековечам еден момент кој никогаш не беше фотографиран. Дури и ако нè фотографираа, тоа можеше да ја промени реалноста на моментот затоа што ќе знаевме дека сме фотографирани“ – вели Аманда.