Почетна » Новости » Занимливости » TOPSI: Банкарски услуги од млади за млади

TOPSI: Банкарски услуги од млади за млади

Кога целната група се состои од млади луѓе на возраст до 28 години кои поради својата разноликост преферираат отворена, слободна комуникација, сакаат совети и препораки од релевантни извори, бараат простор и можност да се изразат, кои се храбри и природно индивидуални и се повеќе од 300.000 на број, тогаш навистина е предизвик за една компанија да се обиде не само да им се обрати, туку и да им понуди услуги кои ќе бидат и прикладни, но и прифатени.

Во таа насока, Стопанска банка АД - Скопје за своите сегашни и идни млади клиенти заедно со актерите Тино и Атанас ги креираше и промовираше TOPSI банкарските услуги кои имаат за цел да создадат отворен канал за комуникацијапомеѓу Банката и младите.

Topsi

TOPSI клиентите ќе добиваат:

  • трансакциска сметка
  • бесконтактна дебитна картичка
  • бесплатни i-bank услуги
  • суперпопусти и зделки со специјална IDкартичка но и,
  • ќе додадеме и многу други придобивки заедно

За TOPSI клиентите го изработивме виртуелниот простор topsi.mk од каде Банката на опуштен и забавен начин директно ќе комуницира со нив. Банката на овој начин примарно ќе им понуди поддршка во разбирањето на банкарските услуги и изборот на најсоодветните услуги за секој клиент одделно. Сепак, доминантно презентацијата на TOPSI ќе биде преку i-bank store филијалата која најмногу се вклопува со идеите на младите за изгледот на банките во иднината.

Topsi

Преку достапноста на Банката на сите канали и уреди (мобилен, телефон, компјутер, банкомат) како и присутноста на социјалните мрежи и канали за комуникација кои младите ги преферираат се надеваме ќе добиеме предност во нашата заложба да станеме партнер на младите и заедно да ги градиме идните банкарски трендови во склад со нивните амбиции и потенцијали.

Topsi

Затоа, во следниот период, преку актерите Атанас и Тино и заедно со нашата млада заедница,ќе се обидеме да ја креираме првата кул банка преставувајќи им бројни креативни предизвици на младите. Сите што ќе се вклучат во предизвиците ќе имаат можност да освојуваат вредни TOPSI подароци. За тоа што точно ќе се случува и какви изненадувања следуваат, може да дознавате на topsi.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20956 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.