Почетна » Новости » Занимливости » Bestie & Besties - Интервју со Цеце Николова: „За време на првата менструација цел ден имав измешани емоции, немав премногу информации за тоа“

Bestie & Besties - Интервју со Цеце Николова: „За време на првата менструација цел ден имав измешани емоции, немав премногу информации за тоа“

Здраво, драги читатели! Моето име е Bestie, јас сум најдобрата другарка на секоја девојка. Заедно со dm дрогерие маркт сакаме да направиме промени и да создадеме подобри услови за секоја девојка во Македонија. Овој пат, преку кампањата за поголема свесност за менструалното здравје, намалување на стигмата околу менструацијата и борба против менструалната сиромаштија ‚‚Никогаш повеќе сама‘‘, која е дел од долгорочната кампања за менструална правда.

Ние веќе поставивме над 200 диспанзери со бесплатни хигиенски влошки од приватната марка Jessa, ја направивме првата Spotify плејлиста во Македонија за музичка ПМС терапија, а подготвуваме и уште многу активности за секоја од вас, моите најдобри другарки. Од денеска, почнувам разговори со некои од моите, но и ваши другарки, со кои заемно се поддржуваме преку споделување на личните искуства, а тука сме и една за друга во непредвидливи моменти. Во денешното интервју од серијалот ‚‚Bestie & Besties‘‘ имам чест да разговарам со Цеце Николова.

Цеце

Со неа ќе зборувам за темата што сите нѐ опкружува и е многу важна – менструацијата. За многу од нас, таа може да биде табу-тема. Но токму поради тоа, како што вели кампањата „Никогаш повеќе сама“, важно е да бидеме отворени и да се поддржуваме едни со други. Со Цеце ќе позборуваме за нејзините искуства, советите што сака да ги сподели, како и за поддршката која таа може да ви ја пружи.

Bestie: Какво беше твоето прво искуство со менструацијата? Се сеќаваш ли на моментот кога првпат ја доби?

- Се разбира дека се сеќавам, верувам секоја девојка го памети денот кога сѐ се менува и „преку ноќ“ станува возрасна. Паметам дека цел ден имав измешани емоции, немав премногу информации на тема менструација, знаев само дека „повеќе не сум девојче, сега веќе сум девојка“. Не сум сигурна колку навистина бев подготвена за сѐ што таа носи со себе.

Цеце

Bestie: Кој беше твојот најголем предизвик во студентските денови кога стануваше збор на менструацијата и дали посакуваш да постоев јас (Bestie) во тоа време?

- Најголем предизвик ми беше кога менструацијата ќе “дојдеше” порано од очекуваното и тоа додека сум на предавање. Апсолутно неподготвена, без менструален сет во мене. Ти, Bestie, дефинитивно во тој момент би била мојот ангел чувар.

Bestie: Како се снаоѓаш во непредвидливи ситуации кога не си подготвена за менструацијата, каква помош и поддршка најмногу цениш од своите најблиски?

- Најмногу го ценам нивното разбирање за мојата раздразливост, промени во расположението и потребата повеќе да бидам сама со себе. Особено што менструацијата, за добар дел од нас, може да биде доста болен период во месецот. И така секој месец.

Цеце

Bestie: Што треба да има секоја девојка или жена во својот менструален сет за да биде секогаш подготвена?

- Менструалниот сет би требало да се состои од хигиенски влошки/тампони, влажни марамчиња/паломи, а може да имате и резервен пар гаќички.

Bestie: Што би им препорачала на помладите девојки, како да се чувствуваат сигурни?

- Понекогаш фактот дека не сте сами, ниту единствени, знае многу да е од помош. Но, според мене, најважно е да бидат подготвени за “црвениот период” во месецот, со себе секогаш да го носат менструалниот сет. Потребата за во тоалет отсекогаш постоела и никогаш да не се срамат да побараат да излезат, без оглед дали се на часови или на предавање, сѐ со цел да се чувствуваат сигурно.

Bestie: Што за тебе значи кампањата ‚‚Никогаш повеќе сама‘‘ на dm дрогерие маркт? Како ја поврзуваш со твоето искуство и на кој начин би сакала да ја видиш таа кампања како помош за другите девојки?

- dm дрогерие маркт е компанија која направи сериозна револуција на тема менструално здравје во Македонија. „Никогаш повеќе сама“ е кампања што им дава силна поддршка на сите млади девојки кои се наоѓаат во најразлични, не така пријатни ситуации на тема менструација. Оваа кампања би сакала да им помогне на сите девојки кои се плашат, можеби се срамат гласно да зборуваат за она со кое се соочуваат, а лесниот пристап до интернет ќе им овозможи да стигнат до сите овие искуства и да сфатат дека НИКОГАШ НЕ СЕ САМИ.

Цеце

Bestie: Во изминатиот месец беа поставени над 200 диспанзери со бесплатни хигиенски влошки во женските тоалети на 7 државни факултети. Сметаш ли дека со овој чекор ќе се подобрува состојбата со менструалната сиромаштија во Македонија?

- Апсолутно. Преку оваа кампања дојдов до поразителни сознанија за тоа на колку високо ниво е менструалната сиромаштија во Македонија. Затоа ваков тип кампањи се повеќе од потребни.

Bestie: ‚‚Никогаш повеќе сама‘‘ носи голем број теми за разговор и активности за моите и твоите другарки - за студентките. Според тебе, што е најважно за студентките во однос на менструалното здравје и како најдобро би се пренела пораката?

- Можеби преку панел дискусии, директни средби со нив и одговарање на сите прашања што ги мачат, од нас “поголемите” - би создале менструална слобода за сите студентки во Македонија.

Цеце, ти благодарам што се придружи во серијалот Bestie & Besties и ги сподели твоите искрени и корисни искуства и совети. Навистина беше драгоцено искуство да разговараме со тебе за оваа важна тема и научиме нешто ново. Менструацијата може да биде тема што не сакаме да ја споделуваме, но како што рече и ти, таа не е табу и важно е да бидеме подготвени да се потпреме едни на други.

А вие другарки, ако имате некои совети или сакате да споделите свое искуство, секогаш можете да поразговарате со вашата најблиска другарка, да ја сослушате, споделите совет и да ѝ помогнете. Со тоа ќе станете горд член на нашето друштво на промени и поддршка, но и горд амбасадор на кампањата „Никогаш повеќе сама“.

И не заборавајте! Во непредвидливите ситуации, секогаш можете да ме најдете во женскиот тоалет на вашиот факултет. Диспанзерите со хигиенски влошки од приватната марка Jessa на dm дрогерие маркт се мојот одговор и поддршка за вас. Запомнете – никогаш не сте сами, ние сме тука едни за други!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.