Почетна » Новости » Занимливости » AVON со силна поддршка на убавината во служба на повисоките цели

AVON со силна поддршка на убавината во служба на повисоките цели

Комерцијален текст

Успешните и самостојни жени кои ја користат моќта на убавината за да ги мотивираат другите околу себе да бидат исто толку успешни, се носечката идеологијаво работењето на козметичкиот гигант AVON која компанијата ја наслови како „Убавина со цел“.

Avon

Водејќи се од ова начело, AVON ја подигнува продажбата на производи за убавина на многу повисоко ниво. Компанијата, која веќе130 години се залага за промоција на убавината, иновациите и оптимизмот и овојпат во својот фокус ги става жените. Односно, оние жени за кои убавината не е крајна цел, туку средство за креирање подобро општество. „Убавина со цел“ всушност ја раскажува и слави целата приказна на компанијата од нејзиното основање досега – од создавањето врвни производи за убавина по многу прифатливи цени, до бројните можности за заработувачка кои на жените им помагаат да станат успешни и независни.

Токму овие жени се клучните фигури со кои многу успешно се гради продажната мрежа на AVON. Доволен доказ се шест милиони Претставници на AVON низ светот, жени кои се инспирација за другите. Но, компанијата не застанува тука и постојано работи на проширување на својот огромен тим со мотивирани жени кои се подготвени да придонесат за себе и сопственото семејство, како и да се приклучат кон мисијата на AVON за создавање подобар свет. Во периодот што следи компанијата преку апликација на социјалните мрежиќе ја отвори вратата за нови членови кои ќе станат дел од големото семејство на AVON и ќе добијат можност да направат нешто за себе, но и да придонесат за целото општетство, споделувајќи ја својата лична порака за повисоките цели на убавината.

Avon

Својата мисија за создавање поубав свет компанијата ја потврдува и преку хуманитарната продажба на специјално избрани производи од нејзините брошури. Притоа, 100 отсто од профитот од продажбата на овие производи се насочува кон различни хумани цели, како што се кампањите за борба против ракот на дојка и против семејното насилство.

- Во AVON, убавината е патувањето, aосамостојувањето е целта. Ние создаваме производи за убавина со докажан квалитет и вредност, кои нашите Претставници лесно ги продаваат и ја стекнуваат довербата на нивните семејства, пријатели и останати купувачи. „Убавина со цел“ ја опфаќа целата оваа едноставна вистина – кога се чувствуваш убаво, гледаш повеќе убавина и создаваш убавина околу себе – потенцираат од AVON.

Од AVON веруваат дека успешната и самостојна жена е убава жена. Затоа компанијата преку својот препознатлив начин на работа се стреми да создаде свет со што повеќе такви жени, кои ќе го направат поубаво место за живеење.

- Во AVON, не покажуваме со прсткон жените и не ги притискаме да бидат и прават повеќе. AVON не им кажува на жените „Ти можеш да го направиш тоа“, туку ги славиме жените поради тоа што веќе го прават. Не им кажуваме да бидат силни, туку го славиме моментот колку тие се силни денес. AVON има убава и чиста визија. Денес имаме шест милиони причини за успех бидејќи имаме шест милиони Претставници кои веруваат во моќта на AVON да создаде поубав свет – велат од компанијата.

Avon

Компанијата AVON во Македонија е присутна една деценија. Таа им нуди можност за развој на повеќе од 95.000 индивидуални бизниси, колку што имало Претставници на AVON во земјава во изминатата декада. Компанијата е лидер во директна продажба во Македонија која што на својата продажна структура и овозможува да изгради сопствен бизнис. Минатата година AVON Македонијаго заокружи својот десетгодишен јубилеј со продажба од 25 милиони производи за убавина годишно, а доби и свое заштитно лице.Mега популарната македонска ѕвезда Каролина Гочева, како дел од големото AVON семејство, преку својата успешна кариера, талент, независност, храброст и прекрасна појава несомнено ја покажува и докажува повисоката цел на убавината и ги инспирира и охрабрува останатите жени во Македонија.

За повеќе информации, посетете ја нашата страница: http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/static/ubavinasocel/

За да учествувате во FB натпреварот, посетете нѐ на facebook страницата на AVON https://www.facebook.com/AvonMacedonia, најавете се во апликацијата, прикачете своја слика, напишете што значи за вас убавината и станете дел од нашата кампања „Убавина со цел“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.