Почетна » Новости » Занимливости » 7-годишно девојче се искачи на Килиманџаро во чест на покојниот татко и испиша историја

7-годишно девојче се искачи на Килиманџаро во чест на покојниот татко и испиша историја

Монтана Кени се запиша во историјата како најмладата женска личност што се искачила на највисокиот врв во Африка, кој се наоѓа на планината Килиманџаро на 5.892 метри надморска височина.

7-годишното девојче успеало во својот подвиг со помош на мајка си, а било поттикнато од својата замисла дека качувајќи се на врвот, ќе биде поблиску до својот покоен татко во рајот.

„Колку повисоко се искачувам, толку поблиску сум до него во рајот“ – изјавило девојчето пред да замине на поход кон највисоката точка во Африка.

Монтана Кени Монтана Кени Монтана Кени Монтана Кени Монтана Кени

Таткото на Монтана починал кога таа имала само 3 години како последица на посттрауматски стрес. Поради тоа, сите средства кои биле собрани со новиот рекорд и кои се собираат со нова хуманитарна акција, ќе бидат донирани за истражување на психотерапијата наречена EMDR (Eye Movement Desensitization and Reprocessing) и за помагање на лицата кои не можат да си ја дозволат.

Монтана Кени

За да успее во својата цел, храбрата Монтана од Тексас тренирала 4-8 часа дневно во текот на викендите, а планинарела на пократки релации во учебната недела. Нејзината мајка Холи, која е поранешна професионална натпреварувачка во триатлони, била нејзин личен тренер и поддржувач. Таа морала да обезбеди посебна дозвола за ќерка си, бидејќи постои забрана за искачување по планината за лица помлади од 10 години.

„Кога разговаравме со неа дека планината се наоѓа над облаците, таа веднаш си ја асоцираше со рај и таа мисла остана со неа. Ѝ се допаѓаше идејата да биде поблиску до татко си и ме праша дали ќе може да го види“ – рекла Холи.

„Секој ден ја прашував дали ова е полесно или потешко одошто си замислуваше дека ќе биде, а таа секој ден ми одговараше дека е полесно“ – додала таа.

Иако патот не бил лесен, дуото мајка-ќерка стигнало до највисоката точка на Килиманџаро за 6 дена.

Монтана Кени Монтана Кени Монтана Кени Монтана Кени Монтана Кени

„Беше прекрасно. Таа знаеше дека сака да му испрати бакнежи во воздухот и да мавта со надеж дека тој ќе ја види“ – рекла Холи.

„Тоа беше навистина одлично нешто за неа и на некој начин ја подготви за неверојатни нешта во животот. Тоа што можев да ѝ овозможам на Монтана да го следи сонот што го сака е бесценето“ – изјавила мајката.

Монтана Кени Монтана Кени

Видеа

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.