Еден Вуд, една од најпознатите учеснички во шоуто „Toddlers and Tiaras“, се „пензионира“ на 6-годишна возраст. Малото девојче по 300 победи се повлекува од натпреварите за убавина за деца.
Но, со тоа Еден не се повлекува од шоу-бизнисот, туку само се префрлува во друга сфера. Заедно со нејзината амбициозна мајка, Еден гради мала империја. Таа е заштитно лице на кревети за принцези, има своја кукла, свои песни и мемоари со наслов „Од лулка до круна“.
Иако многумина го осудуваат ваквото вклучување на малите деца во шоу-бизнисот, мајката на Еден, Мики Вуд, има намера да ја „турка“ својата ќерка во шоу-бизнисот сè додека Еден сака да го прави тоа.
„Мислам дека ги следи стапките на многу големи луѓе кои оделе на натпревари за убавина, како Опра Винфри... Сè додека ужива во тоа што го прави, Мама ќе продолжи со тоа. Ако тоа ја однесе до статус Мајли Сајрус или Селена Гомез, тогаш така нека биде. Ако не, и тоа е во ред“ – изјавила мајката за Good Morning America.
Еден работи напорно и нејзината мајка признава дека понекогаш тоа е премногу за мало дете. „Мислам дека ова е премногу за дете кое е толку мало. Ако премногу ја форсирам, ќе ја уништам“. Но, и покрај тоа, Вуд смета дека трудот ќе се исплати ако Еден стане многу поголема ѕвезда.
„Зошто да не се обидеме да добиеме некаков Холивудски договор, реално шоу, место во некоја Дизни програма. Тоа е Американскиот сон. Тоа е нејзината судбина“ – објаснила мајката.
Еден наскоро ќе издаде и свој музички албум. Една од песните кои ќе бидат на албумот е и „Cutie Patootie“. Еве настап на Еден со нејзиниот сингл:
Еден учествува во натпревари за убавина уште од едногодишна возраст. Таа е популарен учесник во емисијата „Toddlers and Tiaras“, која ги следи животите на младите убавици и нивните родители.