Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Мајките од „Toddlers and Tiaras“ облечени како нивните ќерки

ФОТО: Мајките од „Toddlers and Tiaras“ облечени како нивните ќерки

Мајките од контроверзното шоу „Toddlers and Tiaras“ секогаш ги прикажуваат своите ќерки како кукли и за таа цел им ги депилираат веѓите, им ги избелуваат забите и ги облекуваат во несоодветни секси костими. Малите девојчиња пред настап поминуваат по неколку часа на стол каде што врз нивните лица се ставаат слоеви шминка и им се стилизира косата.

Но, сега „амбициозните“ мајки имаа можност да почувствуваат како им е на нивните мали ќерки. Популарниот водител Андерсон Купер во своето шоу покани четири мајки и им даде задача да се облечат во костими во какви што самите тие ги облекуваат своите девојчиња.

Венди и Пејзли, Кејла и Еверроуз, Џун и Алана, Алиша и Леси Венди и Пејзли, Кејла и Еверроуз, Џун и Алана, Алиша и Леси

Резултатот, како што се гледа од фотографиите, е повеќе од смешен, но и вознемирувачки.

Идејата на водителот била да ги поттикне мајките да започнат да размислуваат на поразличен начин и да се замислат дали е умно да ги пуштаат своите ќерки пред камери облечени на таков начин. Но, обидите на Андерсон пропаднаа во вода и мајките останаа глуви за неговите совети.

Најкритикуваната мајка, Џун Шенон, призна дека корсетот на фустанот на нејзината ќерка е малку тесен, но дека одлично се забавувала и дека нема намера да ја повлече Алана од натпреварите за убавина.

„Ова за сите нас беше многу забавно. Да, корсетот е малку тесен, но таа ужива додека го прави тоа, па ние ќе продолжиме да го правиме“ – изјавила Џун.

Алана и ЏунАлана и Џун

Џун редовно е критикувана бидејќи пред настап на малата Алана ѝ дава да пие од таканаречениот „GoGo Juice“, кој содржи газиран сок Mountain Dew и енергетски пијалак Red Bull. Таквиот сок содржи многу кофеин и шеќер и Џун смета дека тој ѝ помага на Алана да го покаже својот карактер на сцената.

Погледнете како се однесува Алана кога ќе се напие од пијалакот што ѝ го приготвува мајка ѝ.

Венди (првата мајка на фотографијата) двапати доби остри критики бидејќи ја облече својата 3-годишна ќерка Пејзли во провокативна облека. Во првиот случај таа ја облече својата ќерка како ликот на проститутка на Џулија Роберт во филмот „Pretty Woman“.

3-годишната Пејзли како Џулија Робертс3-годишната Пејзли како Џулија Робертс

Кратко време потоа беше критикувана за провокативниот костим на малата Пејзли за Ноќта на вештерките.

Пејзли за Ноќта на вештеркитеПејзли за Ноќта на вештерките

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.