Фотограф ја сподели тажната животна приказна на мајка која преживеала напад со киселина од нејзиниот сопруг. Сега, таа живее за љубовта на нејзината ќеркичка и, и покрај сè, ја учи да му опрости на својот татко.
Данг Ти Тхан Хујен од Виетнам, која е учителка по англиски јазик, стапила во брак со својот сакан во 2010 година и набрзо родила ќеркичка. Но, откако во март минатата година решила да се разведе, 34-годишната мајка станала жртва на напад од страна на сопругот.
Хујен била во кома 5 дена како последица на тешките повреди кои ѝ ги предизвикале двата литри киселина кои биле полеани врз неа. Докторите ѝ давале само 10% шанси да преживее, но таа успеала да се избори за својот живот, бидејќи ѝ била потребна на ќеркичката.
Повредената мајка поминала низ бројни операции и болни шиења на лицето и вратот, а нејзиното семејство продало сè што поседувало за да ги покрие трошоците за лекувањето. И покрај сè, Занх постојано ја потсетува 8-годишната ќерка да му опрости на татко си и да го остави минатото зад себе.
„Опрости му на татко ти и ослободи се од минатото. Мораш да учиш напорно за да им возвратиме за услугата на сите луѓе кои ѝ подадоа рака на мајка ти во овие тешки времиња“ – ја советува таа ќерка си.
Малата ќерка е светлината во нејзиниот живот. Зенх со насмевка му помага на девојчето во учењето, а тоа ја чешла и ѝ ги масира лузните за да ѝ ја намали болката од секојдневните активности. Тие поминуваат квалитетно време заедно и често собираат и аранжираат цвеќиња.
„Никогаш нема да заборавам што ти направи татко ми. Но, ти ме научи да му опростам дури и ако имаш болки“ – ѝ рекло девојчето на мајка си за време на создавањето на фотосеријалот.
Хујен полека, полека им се враќа на предавањата по англиски јазик, а љубовта кон нејзините ученици ја мотивира секој ден.
Несреќната мајка сака да испрати порака до сите дека е време да се прекинат нападите со киселина (најчесто сулфурна) преку носење строги закони за забрана на слободната продажба на киселина во Виетнам.
„За мене, ти си најубавата жена“ – пишува фотографот на албумот.