Мало девојче, кое ги изгубило рацете, нозете и дел од носот поради менингитис Б, повторно се смее откако доби специјална кукла како него. По повод претстојниот трет роденден, Хармони-Роуз Ајви Ален како подарок од родителите доби кукла со протетички раце и нозе.
„Мамо, таа е иста како мене“ – со радост ѝ рекла на мајка си Хармони по добивањето на подарокот. Бидејќи Хармони никогаш немала видено друго лице со четири ампутирани екстремитети, куклата ѝ била еден вид доказ дека таа не е сама и дека има и други лица како неа.
Хармони-Роуз Ајви Ален имала само 11 месеци кога нејзините родители ја одвеле во болница поради менингитис. Таа веднаш била поставена на апарати, а нејзиниот случај бил еден од најлошите кои докторите во болницата некогаш ги виделе. Иако му дале само 10% шанси за преживување, храброто девојче немало намера да се откаже од животот.
Хармони поминала низ ампутација на четирите екстремитети само 10 дена по правењето на првите чекори и бројни денови во болница, но продолжила да се бори. И успеала да ја победи болеста. Во ноември минатата година, Ајви ги добила своите први протетички екстремитети и е на добар пат да ги направи првите самостојни чекори со нив.
Специјално направената кукла ѝ била награда од родители за храброста. „Куклата се вика Ребека и таа ја обожава и вели: Таа е како мене мамо. Куклата ќе ја поттикне Хармони да ги користи своите протетички нозе зашто во моментов ги гледа како пречка, а не како нешто што може да ѝ биде од помош. Таа никогаш не сретнала друго лице со четири ампутирани екстремитети, па прекрасно е да ѝ се покаже дека тие постојат“ – вели мајка ѝ.
„Хармони е пресреќна. Мислам дека тие ќе бидат најдобри пријателки“ – додава таа.