Почетна » Новости » Животни стории » Мини хероина: Бебенце родено 14 недели предвреме со само 450 грама преживеа, сега е преслатко девојче

Мини хероина: Бебенце родено 14 недели предвреме со само 450 грама преживеа, сега е преслатко девојче

Минијатурно бебенце тешко 450 грама ја доби битката за живот благодарение на љубовта на родителите и поддршката на медицинските лица. Сега е преслатко 4-годишно девојче.

Тру Венде Бир Тру Венде Бир

Тру Венде Бир се роди 14 недели предвреме, во 26-та гестациска недела, со тежина помала од половина килограм и должина од само 28 сантиметри. Таа надмина куп препреки за да се избори за својот живот.

За време на својот 123-дневен престој во болницата, Тру се бореше со хронична болест на белите дробови, проблеми со цревата, тромбоза, МРСА, ретинопатија, сепса и стафилокока, имаше 7 трансфузии на крв и други здравствени проблеми. Незалудно нејзините родители Роб и Шантел Бир ја нарекуваат херој и создадоа емотивно видео за нејзиното растење:

Видео

Во јануари, Тру наполни 4 години, а мајка ѝ Шантел напиша:

Тру Венде Бир

Пред четири години, ме одведоа подалеку од семејството со солзи во очите додека сите мои органи откажуваа и јас умирав. На една од сестрите ѝ реков да направи сè за ќерка ми да дознае колку многу ја сакав, затоа што не знаевме дали ќе го преживеам царскиот рез. За среќа, се разбудив и открив дека имам прекрасно женско бебе... кое тежеше само 450 грама. Бев скршена, бидејќи немав слушнато за некој што имал бебенце од 450 грама. Бев бремена само 26 недели, но уште тогаш знаев дека во мене има неверојатно мало човече. Човече кое живееше над мојот мочен меур и го користеше како боксерска вреќа во текот на ноќта. Човече кое се проѕеваше толку силно на ултразвукот, што сите во собата се проѕеваа исто така. Човече кое кога Роб ќе влезеше и ќе зборнеше, клоцаше како лудо од возбуда што татко му е во близина.

И сега, на 26 недели, на 450 грама, ми рекоа дека си премала и дека не знаат дали ќе преживееш.

Кога сестрите ме одведоа да те видам за првпат, сè што можев да помислам е колку си убава и колку си силна. Токму тогаш, знаев дека на сите ќе им докажеш дека грешат и дека ќе се бориш како прематурче.

Сега, на 4 години, ти си една од најневеројатните личности кои сум ги запознала. Твојата смисла за хумор е ненадминлива. Твојата убавина е природна... Те сакам малечка и благодарна сум што ти сум мајка.

Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир Тру Венде Бир

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.