Почетна » Новости » Животни стории » Мали чуда: Близначиња родени во 24. недела од бременоста победија во битката за живот, сега имаат 17 месеци

Мали чуда: Близначиња родени во 24. недела од бременоста победија во битката за живот, сега имаат 17 месеци

Близнаци кои се родиле во 24. недела од бременоста, ги надминаа очекувањата на докторите и преживеаја. Денес неодоливите братчиња имаат 17 месеци.

Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци

Луси Хол ги донесе близнаците Харви и Чарли на овој свет на 21 мај минатата година, четири недели откако ѝ пукнал водењакот. Чарли тежел околу 600 грама, додека Харви 550 грама. Кратко време по породувањето, докторите ѝ соопштиле на Луси и нејзиниот сопруг Џозеф дека постои голема веројатност близнаците да не преживеат.

„Кога започнав да се породувам, со Џозеф воопшто не бевме подготвени. Сè се случи многу брзо. Беше прерано и ние бевме загрижени што ќе се случи со нив. Не знаевме дали ќе преживеат, и чувството беше застрашувачко.“

„Кога се родија, и двајцата беа веднаш префрлени на одделот за интензивна нега, не добив можност да ги подржам или да ги видам. Џозеф само набрзина направи две фотографии. Не можев ни да се налутам што не ги подржав, бидејќи бев во шок. Не можев да сфатам што се случува. Првпат ги видовме три часа подоцна и тогаш се соочивме со реалноста. Тие беа премали, не можете ни да си замислите толку мало бебе. Беше страшно.“

Близнаци Близнаци Близнаци

„Нивните шанси за преживување беа многу мали. Ни рекоа да не размислуваме за нивната иднина, бидејќи таа беше неизвесна. Бевме преплашени од помислата дека може да изгубиме едно или двете бебиња. Тоа не е ситуација која си ја замислуваш кога го раѓаш твоето прво бебе.“

„И двајцата, Харви и Чарли, добија по 7 трансфузии на крв и двајцата имаа бронхиолит. Поминаа низ многу нешта. Ги гледавме нашите малечки како се борат за живот. Не можам ни да ви објаснам како е да бидете во таква ситуација, ужасно е. Тоа е како најлошиот кошмар, се чувствував беспомошно. Сè што сакав да направам е да ги држам и да ги утешам, но не можев ништо да направам. Сè што можев да направам беше да бидам покрај нив секој ден“ – рекла Луси.

Близнаци Близнаци

Родителите првпат добиле шанса да ги земат во прегратка нивните синчиња четири недели по нивното раѓање.

„Тоа ни даде надеж и на двајцата, бидејќи тогаш знаевме дека тие се посилни. Тоа нè правеше позитивни. Тие се мали борци. На сите им докажаа дека грешеле. По сè што поминавме, неверојатно е да го имаме нашето семејство во нашиот дом, да минуваме време заедно и да уживаме.“

Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци

„Јас сум најгордата мајка на светот и поради сите нешта кои ги поминавме, јас уште повеќе ги ценам моите момчиња“ – изјавила Луси.

Бременоста на 26-годишната Хол била полна со компликации. Нејзините бебиња имале синдром на трансфузија од близнак до близнак, поради кој Чарли добивал многу повеќе хранливи состојки од Харви. Нештата станале уште полоши кога водењакот ѝ пукнал во 20. недела од бременоста. Таа веднаш била одведена во болница и успеала да ја задржи бременоста уште еден месец.

„Целата бременост ми беше кошмар. Тоа воопшто не се совпаѓаше со она што си го замислував кога ќе основам семејство“ – рекла таа.

Чарли и Харви биле вкупно четири и пол месеци на болница, поминале низ многубројни испитувања, операции и трансфузии пред конечно да добијат можност да си одат дома. Сепак, по кратко време Харви повторно бил одведен во болница, бидејќи престанал да дише.

„Харви мораше да остане во болница многу долго време, тој речиси ја помина таму првата година од животот. Беше многу болен, но јас не можев да бидам со него постојано, бидејќи го имав Чарли дома“ – рекла Луси.

Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци

Денес двете братчиња се среќни бебиња кои одлично напредуваат, а Харви тежи дури и повеќе од неговиот брат.

Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци

Бидејќи границата за абортус во Британија е до 24. недела, Луси вели дека тој закон треба да се промени.

„Харви и Чарли се доказ дека бебе родено во 24. недела може да преживее. И двајцата се мали борци, кои им докажаа на сите дека грешеле. Кога гледате колку добро се справија, ве тера да размислите за дозволениот период за абортирање. Помислата некој да абортира дете толку доцна е ужасна“ – вели таа.

Близнаци Близнаци Близнаци Близнаци

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20834 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.