Почетна » Новости » Животни стории » Емотивно: Мајка болна од рак на која не ѝ останува многу живот танцуваше со синот на свадбата

Емотивно: Мајка болна од рак на која не ѝ останува многу живот танцуваше со синот на свадбата

Емотивен свадбен момент трогна илјадници лица ширум светот.

Мајка болна од рак, на која докторите прогнозираат дека не ѝ останува уште многу време за живеење, успеа да смогне сила и да присуствува на свадбата на синот. Она што ги изненади сите беше моментот кога таа стана од инвалидската количка и танцуваше со младоженецот.

Армао

Видеото од моментот нема да ве остави рамнодушни.

@xolivrose Replying to @abelincolnsbiggestfan so #breastcancer #breastcancerawareness ♬ The Maze - Manchester Orchestra

Имено, Оливија Армао за првпат ја добила дијагнозата рак на дојка во 2000 година. Иако тогаш Оливија успеала да извојува победа, опаката болест се вратила во мај 2021 година.

Ракот метастазираше и минатиот месец таа беше ставена на домашна нега за да биде покрај семејството во последните денови од животот.

Армао

„Врската со нашата мајка отсекогаш беше одлична. Бевме вистински среќници што ја имавме неа дома додека растевме. Таа се вклучуваше во сите активности и присуствуваше на сите наши спортски натпревари.“

„Воопшто не е лесно да ја гледаме како минува низ болеста и терапиите. Таа се бори многу долго време. Мајка ми е многу силна жена и не ја искажува вистински болката којашто гледаме дека ја чувствува. Таа е наша хероина“ – рекла ќерката Лив.

Оливија ја пропуштила вечерата за подготовка пред свадбата бидејќи не се чувствувала добро. „Таа ја пропушти вечерата претходниот ден, бидејќи не се чувствуваше добро. Следното утро се разбуди во многу подобро расположение, подготвена да го зграпчи денот. Не знаевме дали ќе успее да присуствува на прославата сè до денот на свадбата“.

Армао Армао Армао
@xolivrose #breastcancer #breastcancerawareness ♬ The Maze - Manchester Orchestra

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.