Почетна » Новости » Животни стории » 1 на 60 милиони: Прекрасна фотосесија на мајка на 2 деца која носи 5 природно зачнати бебиња

1 на 60 милиони: Прекрасна фотосесија на мајка на 2 деца која носи 5 природно зачнати бебиња

Прекрасните фотографии од Ким Тучи ќе ви го привлечат вниманието, но и ќе ве исполнат со почит кон женското тело. Неверојатната мајка на две ќерки носи пет природно зачнати бебиња, пркосејќи им на докторите кои ја советувале да зачува само две од нив.

На фотографиите, Ким е во 25. недела од бременоста.

Ким Тучи Ким Тучи Ким Тучи Ким Тучи

Ким Тучи и нејзиниот сопруг Воун отсекогаш сакале да имаат 3 деца, а бидејќи првите две биле женски, Ким посакувала третото да биде момче. По месеци неуспешни обиди за зачнување, во март минатата година, 26-годишната Австралијка добила дијагноза ендометриоза, како и вест дека нејзините црева биле слепени за лузната од претходниот царски рез и дека имала зголемен десен јајник.

Иако надежите на парот за скоро забременување се намалиле, тие никогаш не исчезнале. Во јули, Ким случајно направила тест за бременост, кој на нејзино огромно изненадување покажал две цртички. Сепак, најслаткото изненадување допрва претстоело.

За време на првиот ултразвук, на 5 недели и 4 дена од бременоста, Ким дознала дека носи не едно, туку пет бебиња. „Главната докторка дојде да ме прегледа и започна да брои ЕДНО, ДВЕ, ТРИ, ЧЕТИРИ, ПЕТ!!! Дали слушнав правилно? ПЕТ? Нозете започнаа да ми се тресат неконтролирано и сè што можев да направам беше да се смеам. Време е да му се јавам на сопругот. Мислам дека не ми веруваше на почетокот, но брзо допатува до собата за ултразвук. Можев да му ја видам возбудата на лицето кога ми рече: Можеме да го направиме ова“ – пишува Ким на својата страница на Facebook, „Surprised by Five“.

Шансите да се зачне по природен пат со 5 бебиња е 1 на 60 милиони.

Ким Тучи

Во септември, Ким сподели со своите следбеници дека по прегледот и била дадена опција да задржи само две од бебињата на кои би им дала најдобра шанса за преживување, но таа цврсто се спротивставила на таа процедура и одлучила да ги роди сите пет.

„По мојот прв ултразвук ми беше кажано дека имам можност по метод на селекција да им дадам на две од бебињата најдобра шанса да преживеат... Гледав видео на YouTube од процедурата и плачев, никогаш не би можела да го направам тоа! Дали бев себична што не им дадов 100% шанса да преживеат на две од бебињата?? Сè што знам е дека јас веќе ги сакам и дека секое отчукување на срцето кое го слушам ме поврзува со нив уште повеќе. За мене животот започнува кога започнува да чука срцето и со сигурност знам дека ќе направам сè што е потребно за да ги донесам сите здрави на овој свет“ – пишува таа.

Ким ТучиКим и сопругот во 22. недела од бременоста во фотосесија за Woman’s Day Ким ТучиКим со сопругот и ќеркичките за Woman’s Day

Ким сега е во 27. недела од бременоста и носи пет здрави бебиња. И покрај болките, непријатното спиење, тешкотиите при јадење, растегнатата кожа и стриите, Ким е позитивна, а најголемата причина за тоа е нејзиниот сопруг. „Мојот сопруг секогаш ме потсетува дека треба да ги носам стриите со гордост и дека треба да бидам горда со сè што направи моето тело. Без него, ќе се скршев многу одамна. Луѓето секогаш ме прашуваат како сум толку смирена за сè, тој е мојата причина. Дали вреди? ДА!!! Ќе продолжам до крај“ – раскажува Ким во една од своите последни објави.

Ким Тучи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20931 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.