Почетна » Новости » Актуелно » Финансиско планирање: Совети за поефикасно менаџирање со парите

Финансиско планирање: Совети за поефикасно менаџирање со парите

Долги години наназад, финансиите во најголем број од домаќинствата и бизнисите беа управувани предимно од мажите. Жените зависеа од родителот или сопругот при распределувањето на семејниот буџет. Но, модерната жена секојдневно ги руши застарените стереотипи, докажувајќи дека не е „послабиот“ пол, дека умее да управува со пари, но дека умее и да ги заработи.

Денес, во голем број домаќинства жените ги носат главните одлуки поврзани со трошењето на семејниот буџет и купувањата за домот. Сé повеќе претставнички на женскиот пол градат успешна кариера додека истовремено создаваат свое семејство, не сакајќи да зависат од никого.

Жена

Но, да се управува вешто со парите понекогаш е вистински предизвик. Еве некои совети кои ќе ви го олеснат планирањето и менаџирањето на вашиот буџет.

  1. Постојано имајте увид во вашата банкарска сметка. Тешко е да направите позитивни промени во вашиот буџет ако не знаете што точно се случува на вашата сметка, со колку пари располагате и колку трошите.* Доброто раководење со парите започнува со откривање и следење на трошоците.
  2. Создајте си месечен буџет. Многу е важно однапред да ги планирате трошоците за определен временски период, на пример еден месец. Тоа ќе ви помогне да проверите дали имате доволно пари за нештата кои ви требаат додека истовремено штедите за вашите идни цели, како и да сфатите дали трошите повеќе од планираното. На крајот од месецот вие ќе знаете дали треба или не треба да ги намалите месечните трошоци.
  3. Штедете. Никогаш не е предоцна за да започнете да мислите на иднината. Да, потребно е време за да создадете фонд за итни случаи, но имањето пари настрана може да ве спаси во важни ситуации.
  4. Жена
  5. Следете го правилото 50/30/20 при планирањето на буџетот. Ова правило може да ви помогне да ја разделите вашата месечна заработка на категории и да сфатите колку пари треба да одделите за трошење, а колку за штедење. Според него:

- 50% од вашиот буџет треба да биде резервиран за вашите потреби. Потреби се оние сметки кои морате да ги платите и нешта кои се неопходни за вашата егзистенција. Во нив спаѓаат трошоци за кирија, сметки, одржување на автомобилот, намирници и сл.

- 30% се наменети за вашите желби. Тука спаѓаат парите кои ги трошите на нешта кои не ви се неопходни, но сакате да ги правите затоа што ви го прават животот позабавен и подобар. На пример, кабелска ТВ, членство во теретана, излегување на кафе, шопинг итн.

- 20% за штедење и инвестиции. Ова се пари кои ги чувате настрана за итни случаи или за инвестирање.

  1. Инвестирајте пари. За жал, многу малку жени ги инвестираат нивните заштеди. Да, убаво е кога имате заштеда, но штедењето нема да ви помогне да го зголемите вашето богатство. Инвестирањето на дел од вашите пари ќе ви помогне да се борите со инфлацијата и да ја оплодите вашата заштеда. Започнете редовно да инвестирате мала сума, но никогаш не инвестирајте во нешто што не го разбирате. Зголемете го вашето финансиско знаење и диверзифицирајте ги вашите инвестиции. Никогаш не ги инвестирајте сите пари на едно место.
Жена

Со цел да имате постојан увид во вашата сметка, да добивате нотификации за секој прилив и одлив, да го следите месечниот буџет и да извршувате други обврски онлајн Халкбанк ви овозможува електронско и мобилно банкарство кое е лесно достапно и кое ќе го направи вашето секојдневие поорганизирано и поедноставно.

Доколку пак сте корисник на услугата „Примател на плата“ на Халкбанк, покрај пристап до паричните средства и извршување на обврските онлајн преку електронско и мобилно банкарство ќе добиете и низа други бенефиции како можност за дозволено пречекорување на трансакциска сметка до 3 плати за вработени и до 2 пензии за пензионери и секако, дебитна картичка „Mastercard Debit Contactless“ која ќе ви овозможи да подигнувате готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија.

Корисниците на услугата „Примател на плата“ имаат можност да станат корисници и на кредитни картички со кои ќе можат да купуваат на рати и да добиваат бонус поени со секоја трансакција.

Жена

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.